Владата на Република Македонија ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.
Радмила Шекеринска во објава на социјалната платформа Х напиша дека ќе и биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте.
Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ го честита назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО.