Претставници и функционери на партиите и коалициите на Албанците од власта и опозицијата во земјава со дијаметрално спротивставени наративи ја коментираат и оценуваат вчерашната изјава на косовскиот премиер Албин Курти во врска со претстојната одлука на Уставниот суд на Северна Македонија за Законот за јазиците.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити по денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека во Македонија не постои Закон за албанскиот јазик за да може да се каже дека се укинува.
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети и партискиот потпретседател, Бујар Османи, реагираа на изјавата на косовскиот премиер, Албин Курти, кој вчера во Приштина изјави дека албанскиот јазик не е загрозен во Македонија, спротивно на тврдењата на Интегративците.