Сопственичката на „Анго“, фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража до Собранието, е избрана за член на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), државната институција што го регулира телекомукацискиот сектор.
ЗНАМ реагира дека сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, е избрана да биде член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации со потребните квалификации.
Уште еден скандал на власта на Мицкоски и ДПМНЕ, уште едно скандалозно ухлебување и груба партизација на АЕК, објави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.