Дозволете, дајте ни уште ден два, затоа што сè уште се прави евалуација на допристигнатите документи и ќе излеземе со конкретен став, изјави министерот Перински.
Дополнителна можност за општините се донесените измени на законот за уредување на градежно земјиште со кои е надминат проблемот за ослободување од комуналии за изградба на објекти од јавен интерес, градинки, училишта … -Ова е одлична можност и оние коишто не стигнаа да ја достават комплетната документација во рамки на ресорните министерства согласно измените на законот за уредување на градежно земјиште што ги направивме за да избегнеме проблемот на ослободување на комуналии за објекти од јавен интерес, сега таа бариера е надмината. Nezavisen
Процесот на евалуација на пристигнатите документи од општините за владиниот повик за поддршка на општините сè уште трае и наскоро ќе има информации, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински на промоција на новата опрема за противпожарни единици во Куманово. Republika
Тој додаде дека сè уште трае процесот на евалуација на пристигнатите документи од општините за владиниот повик за поддршка и дека наскоро ќе има информации.
Рокот за докомплетирање на потребната документација беше продолжен на владина седница и заврши до 15 ноември. Plusinfo