Telma
Се очекува до крајот на годината да биде финализиран изборот, како и потпишувањето на потребните договори, со компанијата која ќе ги изведува градежните работи, со што, според очекувањата, изградбата ќе започне напролет, посочуваат од НОМАГАС.
Средствата за изградба на интерконекторот се обезбедени преку кредити и грантови од меѓународни финансиски институции, меѓу кои 28,9 милиони евра од Европската инвестициска банка, 44 милиони евра Европската банка за обнова и развој, 9,9 милиони евра инвестициски грант преку ВБИФ, како и 100 проценти грант за техничка помош преку програмата ВБИФ за надзор, инспекциско тело и административна помош за НОМАГАС АД Скопје. Telma