Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало четири пожари на отворено и сите се изгаснати.
Интервенирале пожарникарите од Скопје, Битола, Струмица и од Тетово, гаснејќи депонии, ѓубришта, мешана шума и ниска вегетација, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). На бројот за итни случаи 112 во ЦУК изминатото деноноќие имало 1 752 повици, од нив „реални“ повици биле 61,76 отсто, а 38,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Netpress