Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на свеченото одбележување на 30-годишнината од основањето на македонскиот национален комитет на CIGRE – МАКО СИГРЕ. Press24
На настанот присуствувале истакнати личности од инженерската и академската заедница, меѓу кои и претседателот на CIGRE, проф.
Константин Папаилиу, генералниот секретар на CIGRE, г. Филип Адам, и претседателот на националниот комитет на CIGRE, г. Сашо Салтировски, со кои министерката Божиновска претходно оствари и директна средба во просториите на министерството, на која им посочи дека Министерството останува посветено на развој на енергетската инфраструктура, унапредување на иновациите како и зајакнување на соработката со стручната и академската заедница за изградба на одржлива енергетска иднина. Kanal5
Иднината е во рацете на младите инженери, но за да успеат, потребна им е поддршката и знаењето што само искусните професионалци можат да го понудат, истакнала Божиновска.
Министерката ја потенцирала важноста на придонесот на македонските инженери во меѓународните организации како CIGRE, кои ја позиционираат Македонија како важен партнер на глобалната сцена. Kanal5
Успехот на нашата работа понекогаш не се гледа веднаш, но, ние знаеме дека градиме нешто што ќе го наследат идните генерации.
МАКО СИГРЕ е семејство на професионалци, мост помеѓу генерации инженери, кој гарантира континуитет во преносот на знаење. Denesen
Настанот, кој ги собра водечките имиња од инженерската и академската заедница, го истакна значењето на македонските инженери во развојот на енергетските системи.
Во своето обраќање, министерката нагласи дека инженерската професија е основен двигател на економскиот и технолошкиот напредок. Netpress
Колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска не е само накит, туку е еден вид на мост меѓу минатотои иднината – современ чувар на подзаборавените зборови, кои и денес ни зборуваат за тоа кои сме.
Целата приказна за ДУМА можете да ја „прочитате“ на а со пополнување на формата на линкот може секој да даде свој придонес во развојот на оваа колекција: Проектот „Азбучен споменар“ е поддржан од Министерство за култура и туризам. Faktor