Се препорачува намалување на употребата на службени возила.
Сите органи на државна управа, агенции, фондови, бироа, заводи, јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, како и единиците на локалната самоуправа, се задолжени да ја намалат употребата на службените возила до 50 отсто. Novamakedonija
Донесена е Наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции при надминување на праг на информирање, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Во рамки на оваа Наредба, се воведуваат повеќе мерки кои ќе се применуваат во случаи на надминување на праговите на алармирање дефинирани во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци во амбиентинот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели. Libertas
Заедничката акција е неопходна за заштита на здравјето на граѓаните и за подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја.
Министерството ќе продолжи со активно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и ќе ги информира граѓаните за понатамошните мерки и активности. Sitel
Државниот инспекторат за животна средина ќе започне со вршење на вонредни контроли на инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола.
Ќе се спроведат контролни мерења на емисиите во воздух со акредитирани методи за да се утврди дали се применуваат пропишаните услови и мерки во дозволите. Sitel
Општините и Град Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе обезбедат посебни сообраќајни режими за тешките товарни возила, насочувајќи ги кон обиколни патишта со цел да се намали сообраќајот во урбаните средини.
Забрана за дотур на стока и транспорт на градежни машини: Општините и Градот Скопје ќе воведат забрана за дотур на стока и транспорт на градежни машини како што се багери, булдожери и виљушкари во периодот од 7:30 до 18:00 часот. Sitel
Се воведуваат зајакнати контроли на возилата, а МВР ќе спроведе засилени и вонредни контроли на возилата со цел утврдување на техничката исправност на возилата за емисијата на испусните гасови.
Ова, како што се наведува, ќе помогне во намалување на загадувањето од сообраќајот. Sitel
Исто така се препорачуваат и вонредни контроли на градилишта.
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и надлежните општински инспекторати, како што се наведува, ќе започнат со вршење на вонредни контроли на градилишта со цел да се утврди почитувањето на прописите за заштита на животната средина и намалување на емисиите на прашина и други загадувачи. Sitel
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и надлежните општински инспекторати, како што се наведува, ќе започнат со вршење на вонредни контроли на градилишта со цел да се утврди почитувањето на прописите за заштита на животната средина и намалување на емисиите на прашина и други загадувачи.
Министерството за животна средина апелира до сите надлежни институции, органи, правни субјекти и граѓани за целосно почитување и имплементација на наведените мерки. Sitel