Ова е прв ваков објект во државата.
На кој на иста локација се наоѓаат Јени џамија, а под неа откриените темели на црквата „Св. Ѓорѓи“. Mk
По прогласувањето на независноста на Македонија а особено по поднесувањето на законот за денационилизација во 1998 година од Собранието на Република Македонија, Исламската верска заедница лоследно и континуирано бара враќање на Јени иамијата и нејзино користење од страна на муслиманските верници на Битола, како место за богослужба.
Реагираше и Салих Мурат пратеник од Европскиот фронт: „Остро ја осудувам одлуката за претворање на Новата џамија во Битола во таканаречен ‘Музеј на христијанско и исламско културно наследство’. Според него тоа била незаконска и еднострана одлука која го нарушува уставниот поредок и принципите на верска слобода… Тој најави дека ова „прашање“ ќе го постави на дневен ред во Собранието. Libertas
По синоќешното отворање на Музејот, се огласи ИВЗ, но и ДУИ.
„Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост поради последната одлука на Владата за активирање на статусот на Јени Џамија во Битола како галерија, занемарувајќи ги верските и историските чувства на една важна заедница во државата“, се наведува во синоќешната реакција од Мала Речица. Libertas