Буџетскиот дефицит често го надминува поставеното правило од 3%, особено со ребалансот, што покажува слабости во планирањето.
За добро планирање, неопходни се јасни податоци за трошоците и расходите од сите институции. Plusinfo
Прашана колку точно ќе платат компаниите кон банките, Кочоска, повтори дека тоа ќе го кажат банките кога конечно ќе ги пласираат средствата.
Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, појаснувајќи дека се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде понизок од 3,25 проценти, додека рокот останува и оти голем дел од банките кажале дека нема проблем за давање до три години грејс период и до 15 години отплата. Kanal5
Според Димитриеска Кочоска, ние имаме сериозен проблем со институциите во делот на разбирање на финансиите.
Кога го правевме Буџетот за 2025 година, посочи министерката, имале проблем со многу од институците и затоа и ја започнале Академијата за финансиска политика. Republika
Тој што сака да работи земјоделство да работи и да добие поддршка, а тој што сака да се крие зад социјалната помош, да биде префрлен во социјала.
Мора работите да ги решаваме од корен – изјави Димитриеска Кочоска. Plusinfo
Ова се резултатот од нестандардните политики и не знаење што се прави.
Во изминатите години за ова зборувавме. Republika