Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова в петок лично ќе и го честита на Радмила Шекеринска назначувањето за заменик-генерална секретарка на НАТО.
Владата на Република Северна Македонија ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски кој на денешната прес-конференција одговараше на новинарски прашања.
САД велат дека изборот на поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска за нов заменик-генерален секретар на НАТО, покажува оти сите сојузници имаат удел во иднината на Алијансата, независно кога државата станала членка на НАТО.
Наместо да го честитаат успехот на Радмила Шекеринска, која како прва од нашиот регион е избрана за заменик-генерален секретар на НАТО, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска-Давкова одлучија да останат заглавени во сопствената малодушност.