На настанот присуствуваа истакнати личности од инженерската и академската заедница, меѓу кои и претседателот на CIGRE, проф.
Константин Папаилиу, генералниот секретар на CIGRE, г. Филип Адам, и претседателот на националниот комитет на CIGRE, г. Сашо Салтировски, со кои министерката Божиновска претходно оствари и директна средба во просториите на министерството, на која им посочи дека Министерството останува посветено на развој на енергетската инфраструктура, унапредување на иновациите како и зајакнување на соработката со стручната и академската заедница за изградба на одржлива енергетска иднина. Press24
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на свеченото одбележување на 30-годишнината од основањето на македонскиот национален комитет на CIGRE – МАКО СИГРЕ. Press24