Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Северна Македонија.
Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на прес-конференција во Пекинг портпаролот на МНР на НР Кина, Лин Џијан.