Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград изјави дека целта на Владата е да го зголеми производството и извозот на вино, истакнувајќи дека винарството е стратешки важен сектор за економијата во државата. Libertas
„Винска визија на Отворен Балкан“ оваа година се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем.
На третиот Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ има 650 изложувачи од 38 земји. Denesen
Ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани овде на саемот, додаде министерот Трипуновски.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата. Republika
“ „Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“.
Исто така на оваа манифестација за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Kanal5