Притоа, три централни банки од регионот, вклучувајќи ја и нашата, официјално доставија барања за членство во СЕПА до Европскиот совет за плаќања, додека останатите земји се во процес на подготовка на барањата.
Во очекување на позитивна оцена за поднесените барања за членство во СЕПА, вицегувернерите ја нагласија потребата од продолжување на добрата соработка помеѓу централните банки од регионот, како и со институциите на Европската Унија, заради ефикасна подготовка на давателите на платежни услуги во наредниот период за исполнување на барањата за оперативно приклучување во СЕПА, откако ќе заврши формалниот процес на оцена на барањата. Faktor
Високите претставници на централните банки од регионот имаа можност да се запознаат со унгарското искуство во процесот на пристапување кон СЕПА, како и со унгарската финансиска инфраструктура како можен модел за интегрирање во СЕПА.
На средбата беше нагласена важноста од навремена подготовка од оперативен и технички аспект на давателите на платежни услуги од земјите од Западен Балкан за брзо приклучување во платежните шеми (платните системи) во СЕПА. Nezavisen
На средбата беше нагласена важноста од навремена подготовка од оперативен и технички аспект на давателите на платежни услуги од земјите од Западен Балкан за брзо приклучување во платежните шеми (платните системи) во СЕПА.
Во тој контекст, беше истакната подготвеноста на Народната банка на Унгарија, во рамките на сегашното претседателство на Унгарија со Советот на Европската Унија, да помогне во соработката со Европската централна банка за да им се обезбеди поедноставен пристап на давателите на платежни услуги од земјите од Западен Балкан до европската платежна инфраструктура. Kanal5
Вицегувернерката Емилија Нацевска зеде учество на состанокот на вицегувернерите од Западен Балкан, посветен на пристапниот процес кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА), којшто се одржа во Будимпешта на покана на Народната банка на Унгарија. Faktor