Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани денеска најавија прес-конференција на која ќе го изнесат нивното мислење за состојбата со јавниот превоз во Град Скопје, кој два дена беше во колапс.
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120 електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје.
Скопјани вчера мораа да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места, откако јавниот градски превоз во главниот град беше драстично редуциран, поради недостигот на гориво По речиси дводневниот драстично редуциран возен ред поради недостиг на гориво, денеска се очекува да се нормализира јавниот градски превоз во Скопје, откако вчера Владата утврди кризна состојба и донесе одлука на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ да му позајми нафта од државните резерви за следните седум дена.