Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се обрати пред иселениците во Швајцарија, нагласувајќи ја загриженоста за состојбата со правата на Албанците во Северна Македонија.
По политичката катастрофа што ДУИ и Али Ахмети ја доживеаја на парламентарните и претседателски избори, наместо да ја искористи шансата за внатрешно реструктурирање на својата партија додека е во опозиција (или, со воен речник, ако подобро го разбира, да се регрупира и подготви за контранапад), тој со десеткувана политичка војска сака да направи пробив и повторно да извојува победа и влез во власта?!