A1on
„Треба да ја оспориме неправдата, треба да ја потврдиме посветеноста во свет кадешто безбедноста и достоинството не се привилегија на најголемите и најсилните, туку се права што мора да ги уживаат сите, и малите држави и запоставените и поинаквите по било кој основ, тоа е човечка обврска“, рече Сиљановска Давкова.
„Овде како лидери, како креатори на политики, како застапници на сечии интереси, а најмногу на интересите на најранливите, имаме моќ да обликуваме еден свет во којшто нема да го толерираме ваквото насилство“, нагласи Претседателката додавајќи дека за да се постигне тоа треба да се отворат мировни фронтови на сите страни, мора да се оспорат, да се предизвикаат штетните стереотипи, мора да се посочува и да се спроведува еднаквост без оглед на припадноста, но најважно е мора да се почитуваат вредностите, да се промовира ненасилство уште од најрана возраст. A1on