Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.11.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,50 ден/лит. Nezavisen
Цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а дизелот поскапува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,7 отсто. Telma
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,489 отсто, кај дизелот за 3,554 и кај екстра лесното масло за 2,215 отсто, а кај мазутот има намалување за 2,312 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7524 отсто. Libertas