Гаши оцени дека билатералната парламентарна соработка е со интензивна динамика со тенденција трендот да продолжи и во иднина.
Фреквенцијата на возвратните билатералните средби, за која претседателот Гаши се залагал и во текот на неговиот мандат како претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, резултираше со значително унапредување на дијалогот меѓу двете држави и одржување на Втората заедничка седница на владите на 18 ноември годинава. Biznisvesti
Искажа и подготвеност Собранието да ги сподели искуствата во процесот на усвојување закони и надзор врз извршната власт во контекст на реформските процеси, како на патот кон Европската унија, така и во однос на членството во НАТО.
Како земја членка на НАТО, Република Македонија останува посветена на континуираниот ангажман на НАТО во Косово и на придонесот во КФОР. Novamakedonija