Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова. Netpress
За претседател на Комисијата за помилување е именувана д-р Милка Ристова, а за членови се именувани проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.
На првата седница на новиот состав на Комисијата за помилување присуствуваше претседателката Сиљановска Давкова, која на членовите на комисијата им посака успешна работа, изразувајќи уверување дека комисијата со својата работа, почитувајќи ги принципите за транспарентност и отчетност, праведност и еднаквост, хуманост и разбирање, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности. Skopjeinfo
Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување се одржа денеска во Кабинетот на Претседателот, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата. Libertas
Оваа Комисија е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.
Одлуките за помилување на осуденици, шефот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот. A1on
Претходниот состав на Комисијата, која беше конституирана кон крајот на јули си поденесе колективна остаква, откако дел од помилувањата објавени за Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври предзивикаа реакции во јавноста, а дел од медумите тогаш јавија дека едно од помилуваните лица е член на наркокартел.
Професорот на Правниот факултет и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев на својот Фејсбук профил кон крајот на минатиот месец објави дека Комисијата си поднесува колективна оставка. Mk
На првата седница на новиот состав на Комисијата за помилување присуствуваше претседателката Сиљановска Давкова, која на членовите на комисијата им посака успешна работа, изразувајќи уверување дека комисијата со својата работа, почитувајќи ги принципите за транспарентност и отчетност, праведност и еднаквост, хуманост и разбирање, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности – велат од Кабинетот на претседателката.
Претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги своите заложби за владеење на правото и почитување на човековите права, ја нагласи важноста на институтот помилување и потребата целата постапка да не биде предмет на дневнополитички препукувања. Republika
Претходниот состав на Комисијата, која беше конституирана кон крајот на јули, си поднесе колективна оставка, откако дел од помилувањата објавени за Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври предизвикаа реакции во јавноста, а дел од медиумите тогаш јавија дека едно од помилуваните лица е член на наркокартелот Барон.
Одлуката за колективната оставка ја соопшти професорот на Правниот факултет и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев на својот фејсбук-профил каде вели дека одлуката ја донеле во согласност со личните и професионални принципи. 360stepeni
Одлуката за колективната оставка ја соопшти професорот на Правниот факултет и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев на својот фејсбук-профил каде вели дека одлуката ја донеле во согласност со личните и професионални принципи.
Најмногу негодувања во јавноста имаше за името на Акиф Равманоски, кој се најде на листата на помилуваните, а кој е познат и како член на наркокланот Барон. 360stepeni
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска информираше дека Милка Ристова е назначена за нова претседателка на Комисијата за помилувања. Faktor