Впечатокот ни е дека досега многу се зборува за корупцијата, меѓутоа резултатите изостануваат и затоа сметаме дека со адресирање на овој проблем токму кај младите и со јакнење на нивните капацитети за препознавање и градење отпорност ќе можеме како општество да имаме значителни резултати во борбата со корупцијата. 360stepeni
Проектот „Мојот антикорупциски дневник“ е поддржан од Амбасадата на САД и го спроведува Фондацијата ИДЕА, во соработка со алумните на Амбасадата на САД: Ленче Ристоска, Бетим Јахја и Мите Кузевски.
Проектот вклучува три еднодневни работилници, на кои учесниците ќе го мерат почетното и стекнатото знаење за антикорупција и ќе развиваат вештини за препознавање и справување со корупцијата. Biznisvesti