360stepeni
Кај мажите нема потреба од криопрезервација, се гледа спермограмот, квалитетот на спермата и може додека има квалитетен спермограм истиот да учествува во ин витро фертилизацијата или во потпомогнатите биолошки оплодувања“, Ин витрото, како што кажа, било направено во приватна здравствена установа, а бременоста била следена исто така во приватна ординација.
„Првпат кај нас се јави на Гинеколошко-акушерската клиника каде претходно беше испратена од Специјална болница „Чаир“ затоа што тие сметале дека посоодветно е да се породи на терциерно ниво и затоа беше испратена на нашата Клиника“, Директорката, одговбарајќи на новинарско прашање потврди дека од пред скоро време ин витро оплодувања повторно почнале да се прават на Клиниката за гинекологија и акушерство, по три и пол годинишна пауза „После короната имаше период од три и пол години кога не се правеше ин витро фертилизација на нашата Клиника, меѓутоа од минатиот месец започнато е повторно со ин витро фертилизацијата и пациентките апсолутно можат да добијат соодветен ин витро третман и во нашата институција“, За самиот случај, директорката на ГАК рече дека е прв кај нас, но не и во регионот. 360stepeni