Со ова обезбедуваме поголема, транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето, порача министерот за правда Игор Филков.
Со ова, порача Филков, означуваме една нова реформа на нашиот правосуден систем и ќе се решат проблемите со кои се соочуваа вештаците со години наназад, како во поглед на заштита, така и во поглед на издавањето на лиценците и нивната важност. Nezavisen
Претседателот на Комората на вештаци, Виктор Камнар смета дека со ова ќе се унапредат квалитативно сите судски вешти наоди со цел да го зголемиме квалитетот на сите управни и судски постапки.
,, Следниот месец на сајтот на Министерството за правда ќе биде објавен јавниот повик за сите оние кои за прв пат ќе сакаат да станат вештаци, да ги достават своите документи , и она што е во надлежност на комората, организирање на обуки на сите идни вештаци во времетраење на 60 часа за да се овозможи добивање на лиценца”,рече Камнар. Press24
Министерот за правда, Игор Филков, и претседателот на Комората на вештаците, Виктор Камнар, на денешната прес-конференција соопштија дека со запишувањето на Комората на вештаците во Централниот регистар се означува почетокот на една нова реформа во правосудниот систем. Skopjeinfo
Филков потенцираше дека е убеден дека ова институција ќе стане синоним за стручност и ќе придонесе кон поефикасно и фер функционирање на нашиот правосуден систем.
,,Функционалната Комора на вештаци претставува клучен чекор кон подобрување на правниот систем и создавање силен механизам за контрола и поддршка на вештаците во Македонија . Комората ќе биде одговорна за лиценцирање, едукација и надзор на вештаците, во правец на јакнење на професионалните и етичките стандарди .Со ова, очекувам да се зголеми довербата во правосудниот систем како и перцепцијата за фер и објективни правни постапки,изјави Филков. Press24
Да најавам, следниот месец ќе биде објавен оглас за сите кои што сакаат за првпат да станат вештаци за да се овозможи добивање лиценца – изјави Камнар.
Издавањето на лиценцата, посочи Камнар, е во надлежност на МП, но сите обуки се преку Комората, во која формиравме 16 професионална одделенија. Novamakedonija
Со ова, порача Филков, означуваме една нова реформа на нашиот правосуден систем и ќе се решат проблемите со кои се соочуваа вештаците со години наназад, како во поглед на заштита, така и во поглед на издавањето на лиценците и нивната важност.
За МП основањето и работата на Комората е многу важно. Nezavisen