Трендафилов рече дека на наредната седница на Економско-социјалниот совет ќе ги презентираат аргументите со кои располагаат за да ги убедат властите за потребата од растот на сите плати, вклучително и на минималната плата Предвидени се средства за зголемување на минималната плата за околу 2 000 денари, што е согласно со законското решение според кое во март минималната плата би се зголемила за 1 600 до 1 800 денари.
Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата.