Претседателот на Собранието Африм Гаши ги осуди постапките поврзани со вчерашните настани кога, како што рече, беа палени и газени државни знамиња и напомена дека тоа е во спротивност со државните и националните интереси на секоја етничка заедница.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека законодавниот дом е подготвен да ја почне процедурата за донесување на уставните измени, доколку, како што рече, има политички договор.
Јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата.
Не треба да работиме на обезбедување на двотретинско мнозинство за уставните измени кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ, затоа што ние веќе имаме двотретинско мнозинство во Собранието, туку работиме на добивање гаранции од ЕУ дека ќе нема нови вета од Бугарија, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите.