Државната енергетска компанија понуди цена од 62 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум. Fokus
Премиерот Христијан Мицкоски не очекува зголемување на цената на струјата за домаќинствата да биде повисоко помеѓу еден и три проценти, додека за потрошувачите од првиот и вториот блок да изнесува, 0,5 отсто, откако вчера ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена повисока од досегашната за две евра. Press24
Оваа цена е за 3,33% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јули-декември 2024), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 60 евра за мегаватчас.
За покривање на загубите на електрична енергија, на одржаните тендери Електродистрибуција доби просечна цена од 106,04 евра за мегаватчас. Mk
Токму од оваа цена најмногу зависи и крајната цена во сметките што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар на електрична енергија од 1 јануари идната година.
Во моментов ЕСМ на универзалниот снабдувач му ја продава струјата по 60 евра за мегават час и задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум. Nezavisen
Паралелно ЕСМ ќе достави и нова понуда по која цена ќе ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач од која најмногу ќе зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните идната година.
Одлуката за ова е донесена вчера на затворена седница на Влада, а утре ЕСМ треба да ја достави на тендерот на ЕВН ХОУМ. Telma
Овој параметар пак влегува во одлуката за цената на преносот и дистрибуцијата која треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.
Тука се пресметуваат и барањата на МЕПСО и на МЕМО. Telma
Според пресметките оваа цена е за 3,3 отсто повисока од сегашните 60 евра за мегават час електрична енергија кои ЕСМ му ги продава на ЕВН Хоум.
Понудата на ЕСМ има најголемо влијание врз формирањето на крајната цена за домаќинствата и малите фирми. Faktor