Според информациите, иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.
Тој на денешната едница информираше дека иницијативата била доставена доцна за да биде вклучена на седницата. Biznisvesti
Откако ќе биде разгледана од нејзина страна, иницијативата треба да биде вратена до Советот, објасни Славески.
Од Град Скопје реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот. Fokus
Приватните превозници ги исклучија автобуси од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар. Nezavisen
Овој чекор е од причина што претседавачот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, не го стави на дневен ред нивното барање за зголемување на таксата по километар.
Според информациите иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Plusinfo