Очигледно дека прежестоки се нападите наеднаш на дијареја, грчеви во цревата, главоболка, температура, анксиозност итн. кога ќе треба да се потпише последниот указ за да се спроведе правдата.
Ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз – му се обрати преку писмено соопштение скопската градоначалничка Данела Арсовска на премиерот Христијан Мицкоски откако вчера од неговата партија таа ја доби квалификацијата „кума на хаосот со јавниот превоз во Скопје“.
Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“ и во периодот што следи најавува „робусна акција“ за справување, како што рече, ако треба и „на поинаков начин со тие корумпирани обвинители и судии“.