„Повикувам на разум кај сите колеги советници и на градоначалничката, да им се исплати долгот на приватните превозници, затоа што пред малку бев информиран дека на некои од приватните превозници не им е исплатен долгот од мај, а на некои од јуни месец“, рече Стојановски.
Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски по средбата изјави дека се откажуваат од блокадите што ги најавуваа за понеделник, посочувајќи дека е одличен предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Netpress
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, вечерва пред средбата со претставници на приватните превозници што се одржува во Град Скопје, изјави дека целта е да дадат предлог за решавање на проблемот со автобускиот приватен превоз. Libertas
Пред малку бевме во комуникација со приватните превозници.
Се договоривме да оствариме средба тука во Градот Скопје, во барака 1, каде што ќе можеме да дадеме предлог за решавање на проблемот со автобускиот приватен поревоз, со нивните барања, за конечно да се најде решение. Nezavisen
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Мартин Стојановски, вечерва по завршување на средбата со приватните превозници информираше дека дале предлог да се зголеми цената по километар од 70 на 100 денари во период од први декември до мај следната година. Nezavisen