Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески ги повика приватните превозници да не наседнуваат на манипулациите на градоначалничката Данела Арсовска и вели дека таа е непредвидлива.
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска.
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска преку соопштение му порача на претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески дека го охрабрува да ја стави точката за приватните превозици на дневен ред на седница, а потоа заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе поддржат или не зголемување на цената за превоз на приватните превозници.
Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене - ја има, ова му го напиша доцна вечерва градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на претседателот на Град Скопје, откако претходно денеска п риватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги.