Приватните превозници денеска нема да возат низ скопските улици, но се надеваат дека од понеделник ќе се вклучат во сообраќај.
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска.
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески ги повика приватните превозници да не наседнуваат на манипулациите на градоначалничката Данела Арсовска и вели дека таа е непредвидлива.
Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има, ова му го напиша доцна вечерва градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на претседателот на Град Скопје, откако претходно денеска приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги.