Либерално-демократската партија најостро го осудува секој чин на сквернавење на македонското знаме, симболот на нашиот државен суверенитет.
Имајќи ги предвид сè позачестените и брутални случаи на семејното насилство, кои се случуваат во нашето опкружување, Либерално-демократската партија предлага изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој ќе се доуреди привремената мерка забрана за приближување на сторителите до жртвите.