Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов денеска изјави дека ќе инстистира да се донесат измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на животните, а фокусот ќе биде ставен на воспоставување, контрола и регистрација на размножувањето на кучињата миленици, како еден од главните фактори за настанување на бездомни кучиња. Telma
Моја крајна цел е да немаме бездомни кучиња на нашите улици, рече Миланов.
Во однос на внесување на кучиња од село во град, Миланов појасни дека се во секојдневна комуникација со МВР, и имале неколку состаноци за илегалното внесување и извезување на кучиња како и транзит и транспорт низ целата територија на државата. Kanal5
Денешната дискусија ќе биде фокусирана на начинот на управување со бездомните кучиња, што е еден од горливите проблеми во земјава.
Како одговорна институција, јас како прв човек на Агенцијата, ќе инстистирам на продолжување на измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните. Netpress
Како што рече, на решавањето на овој проблем, освен АХВ и општините, посветени се и ветеринарните друштва, сопственици на кучиња, комуналните инспектори.
Миланов информираше дека Агенцијата за храна и ветеринарство има база на податоци, односно индификационен систем во кој се врши регистрација на сите миленици и домашни кучиња. Novamakedonija
Како што изјави Миланов, учествуваат и повеќе институции од невладиниот сектор во државата, невладини претставници од Австрија, како и практичари и еминентни професори.
Денешната дискусија ќе биде фокусирана на начинот на управување со бездомните кучиња, што е еден од горливите проблеми во земјава. Novamakedonija
Ние како Агенција пративме допис со известување до нив за насилникот којшто изврши обид за убиство на бездомното куче.
Тој беше приведен од страна на МВР и тие како институција си поведуваат натаму дејствија за истиот – рече Миланов. Novamakedonija