Доколку евентуално имам сторено некаква грешка условите се согласно Законот за јавно обвинителство за евентуално разрешување на јавниот обвинител“, одговори Коцевски на прашањето дали очекува смена, со оглед на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека го имаат потребното мнозинство, но и дека дава шанса на сите да докажат дека ја работат својата работа.
Коцевски денеска се осврна и на критиките за работата на правосудниот систем, упатени од премиерот, кој пред два дена изјави дека секогаш кога треба да се имплементира правдата, некој добива дијареа, температура или анксиозност и најави „робусна акција“ за справување со корумпираните обвинители и судии. Nezavisen
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на седницата на Советот на јавни обвинители во врска со забелешките за работата на правосудниот систем и конкретно на Обвинителството, како и дали очекува негова смена истакна дека тој ќе продолжи да работи професионално и согласно законите, а доколку евентуално направил грешка, условите за негово разрешување се согласно Законот за јавно обвинителство. Biznisvesti
Во однос на изборот на новиот УО на Академијата за судиии, дали процесот може да се забрза и дали според него изборот на директорот е статутарен, рече дека од денеска Академијата има нов УО и тој таму номинирал јавен обвинител согласно Законот за јавно обвинителство.
Во однос на тој дел од денеска има нов Управен одбор и од моја страна е номиниран јавен обвинител, согласно Законот за јавно обвинителство да биде член на УО. Во однос на постапката дали била законита или не и во тој дел имав изјава со тоа што во Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители не е строго определено начинот на којшто евентуално ќе биде гласањето, што значи дека таму има да не речам нејасна една одредба со тоа што ценам дека гласањето беше јавно, имаше медиуми. Libertas