Вчера во 01.25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.Р.(49) од Охрид.
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид вчера во 17 часот во Охрид го лишиле од слобода охриѓанецот И.Д.(48). Како што информираат денеска од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути.