Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе ги има, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти.
Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој како одговор на новинарско прашање го коментираше сквернавењето на македонското знаме, а честиташе и за брзата реакција. Netpress