Премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска присуствуваа на почетокот на реконструкцијата на салата „Расадник“ во Кисела Вода.
Спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода денеска и официјално почнува да се реновира, за што ќе бидат потрошени 120 милиони денари (два милиони евра), објавија денеска министерот за спорт, Борко Ристовски, градоначалникот на оваа општина, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицковски.