Премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска присуствуваа на почетокот на реконструкцијата на салата „Расадник“ во Кисела Вода.
„Голем поздрав до почитуваните претставници на медиумите, до граѓаните, до гостите коишто се заедно со нас денеска на овој би рекол за нас посебен момент, бидејќи сепак нешто коешто со децении е оставено да пропаѓа со времето сега започнува да се реновира, реконструира, да добива еден нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови.