„Имаме црвена линија, толку можевме да направиме, повеќе не можеме“ – тоа беше одговорот на премиерот Мицкоски на прашањето што Владата мисли да преземе по изјавите од новата евркомесарка за проширување, Марта Кос, дека Брисел очекува Северна Македонија да ги заврши преземените обврски во делот на уставните измени.
„Имаме целосно усогласена политика со ЕУ, не сме опасност, тие нека водат, ние ќе ги следиме, ако мислат дека не заслужуваме по принципот на дела, а не по принципот на билатерализација и прашања од средниот век, да бидеме дел од европското семејство, тогаш тоа е нивно право“, вели Христјан Мицкоски.