По кратко и тешко боледување во текот на вчерашниот ден на 74- годишна возраст, почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата, соопштија од ГШ на Армијата. Kanal5
Командно-штабна академија завршил како припадник на АРМ во 1995 година, а највисокиот степен на воено образование Школо за национална одбрана завршил во Франција, во 2001 година.
Генералот Бојаџиев во текот на неговата воена кариера, до неговото пензионирање во 2005 година, извршувал повеќе високи должности во Армијата, како командант на моторизирана бригада, командант на дивизија, началник на управата за операции, готовност и обука во Генералштабот, командант на гранична бригада, а во период од 2004 до 2005 година и највисоката должност началник на Генералштабот на Армијата. Fokus