Премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на конференцијата во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) на тема „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ имаше изјава за медиумите на која во одговор на новинарско прашање на ТВ21 во врска со зголемувањето на придонесите за 0,7 процентни поени, што би значело делумно 19,5%, дали како Влада размислуваат за зголемување на оваа давачка кон стопанството бидејќи фондот за пензиско, инвалидско осигурување е во сериозни проблеми и процентот е дека за 4 години уште дополнителни 400 милиони ќе бидат потребни за да може да се исплаќаат редовно пензиите, тој вели: -Единствената давачка на која во моментов размислуваме е усогласување на македонското законодавство со глобалниот корпоративен данок. Mk
Ова е законско решение – рече Мицкоски.
Премиерот одговараше на новинарско прашање пред учеството на денеската конференција на Институтот за комуникациски студии дали ќе се зголеми придонесот за пензиско и ивалидско осигурување за помош на одржливоста на Фондот на ПИОМ, откако Владата вчера рече дека нема да се зголеми старосната граница за пензионирање, како што препорача Фискалниот совет. Novamakedonija