Пријавените С.И., М.К., Б.Г., Р.А., Р.Ч., Д.Ј., З.В., И.И., Н.З., Г.А., И.Н., Ј.Н., И.М., Д.Ц., Е.В., А.Ш., Н.П. и Б.Б. во својство на претседател и членови на Комисијата за разгледување и подготвување на предлози во однос на поднесени барања за издавање одобрение за набавување на оружје во СВР Скопје, СВР Куманово, СВР Тетово и СВР Битола, во периодот од 2021 до 2024 година несовесно постапиле во вршење на своите должности и овластувања на начин што при постапување по барањата за издавање на одобрение за набавка на оружје дале позитивно мислење за издавање на одобрение за набавка на оружје на предлогот доставен до Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање одобренија за набавување оружје, спротивно на одредбите од Законот за оружје. Denesen