Научната конференција на Универзитетот Македонија во Солун е одлична можност да ја поттикнеме, зајакнеме и развиеме академската соработка во доменот на филолошките науки и хуманистиката.
Меѓусебното запознавање преку проучувањето на јазиците, литературите и културите, поттикнувањето на мобилноста на студентите и на наставниот кадар, долгорочното вложување во едукацијата и усовршувањето на книжевните преведувачи несомнено ќе придонесат и во развојот на добрососедските односи, истакна професор Мартиновски. Biznisvesti
Во полниот амфитеатар, грчките студенти од факултетот дојдоа да искажат поддршка и скандираа токму во знак на поддршка на настанот и на автономијата на Универзитетот.
Од тој аспект, со оглед на тоа дека ова е прв официјален академски настан за македонскиот јазик и за продлабочувањето на научните и академските врски меѓу македонските и грчките филолози, овој собир беше навистина револуционерен и хуманистички, кој верувам дека ќе прерасне во традиција и на двата универзитета, истакна професорката Бужаровска. Denesen
За перспективите на културната соработка на академско ниво со фокусот ставен на македонскиот јазик, ќе дискутираат македонски и грчки професори на настанот што денеска ќе се одржи во Солун, а дел од учесниците, професорката Александра Јоаниду и професорот Владимир Мартиновски во разговор со дописничката на МИА од Атина ја истакнуваат важноста на конференцијата. Denesen
Професорките Јоаниду и Бужаровска веќе имаат соработка, со оглед на тоа дека две од книгите на македонската авторка се веќе преведени од македонски на грчки јазик, во превод токму на професорката Јоаниду, а делата беа промовирани во Солун, Атина, но и на островот Крит.
Поединечни културни настани во Солун со учество на македонски писатели и професори имаше и во минатото, односно во периодот пред да биде потпишан Договорот од Преспа, по иницијатива на тогашниот генерален конзул во Солун Маја Апостолова, кога се одржаа предавања на македонски и грчки професори, поетски читања на македонски автори, но и посета на Солунскиот Универзитет „Аристотелис“ на стотина студенти од УКИМ заедно со нивни професори во 2016 година. 360stepeni
Од тој аспект, со оглед на тоа дека ова е прв официјален академски настан за македонскиот јазик и за продлабочувањето на научните и академските врски меѓу македонските и грчките филолози, овој собир беше навистина револуционерен и хуманистички, кој верувам дека ќе прерасне во традиција и на двата универзитета, истакна професорката Бужаровска.
Професорката Александра Јоаниду, вчера, во пресрет на настанот, за МИА посочи дека целта е да се зацврсти долго планираната соработка помеѓу Универзитетот во Скопје и Универзитетот Македонија, додавајќи дека „по официјалното признавање на македонскиот јазик со Договорот од Преспа требаше да се спроведе и во академската средина за конечно да започне плодна размена на идеи, култура, знаење и соработки на академско ниво“. Denesen
Станува збор за научна конференција на академско ниво на која домаќин беше Грција, а се одржа во амфитеатар на Универзитетот „Македонија“ во Солун, во организација на Лабораторијата за култура, граници и родови при Катедрата за балкански, словенски и ориентални студии на солунскиот Универзитет во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Програмата опфати исцрпни научни излагања посветени на македонската литература, но и презентација на авторски книжевни текстови поврзани со егејската тема и историските трауми, но и со потребата за нивно надминување. Nezavisen