Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, одреди мерки за претпазливост против четири лица опфатени со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“.
На четворица од осомничените во случајот „Лотарија“ им се одземени пасошите, а додека во текот на денот ќе се одлучи и дали за останатите осомничени кои се во бегство, поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија, Бајрами, ќе биде одреден притвор.