До крајот на годината ќе биде распишан огласот со кој трајно вработување, место сегашното со договор на дело, ќе добијат приближно 1.100 лица, средномедицински персонал во јавните здравствени установи во земјата, најави министерот за здравство, Арбен Таравари.
Се анализира работата на директорите во јавното здравство, ќе има промени каде што не се работи добро.