Социјалдемократскиот сојуз на Македонија побара оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, тврдејќи дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го организирале бегството на Артан Груби кој се сомничи за милионски криминал во Државна лотарија.
Дали министерот за внатрешни работи Тошковкси конечно ќе преземе одговорност за катастрофалното функционирање на МВР и бегството на Груби?
Она што вчера СДСМ го објави во јавноста за случајот со бегството на Груби, се потврди како целосна вистина за неполни три часа по нашата прес конференција.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска порача дека полицијата не си ја завршила работата со бегството на екс-вицепремиерот Артан Груби од земјава.