Во земјава денеска во официјална тридневна посета ќе престојува делегација предводена од Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Република Турција Како што информираше собраниската прес-служба, Куртулмуш ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието Африм Гаши, а ќе се сретне и со пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција.