Факт е дека сите регистарски таблички на возилата ќе треба да се усогласат со правилникот и со законот, но факт е дека во оваа ситуација не се криви граѓаните заради тоа што некој насила им ги замени табличките.
Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со недостапноста на Артан Груби и Перпарим Бајрами за органите на прогонот за случајот со криминал во Државна лотарија.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека не би сакал да шпекулира за локацијата на поранешниот вицепремиер Артан Груби кој избега од државата.
Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа Артан Груби.