На повеќе патни правци низ државата во моментов има активни забрани за движење на товарни возила поради влажни коловози и тоа – Дебар-Маврово, Охрид-Кичево (Пресека), Кичево-Гостивар (Стража), Тетово-Попова Шапка и Битола-Ресен (Ѓавато). АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони како на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.